Новости

Дијаспората претставува мост за поврзување меѓу двете пријатески земји

13 јуни 2018

Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми денеска оствари средба со амбасадорката на Канада во Белград, г-ѓа Кати Чаба, која нерезидентно ја покрива и Република Македонија.

Министерот Адеми и посака успеси во извршувањето на новата амбасадорска функција во Република Македонија и динамизирање на дипломатските односи меѓу двете пријателски земји во сите области од взаемен интерес.

Macedonian

Потпишан договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу Влада на РМ и Општина Штип

6 јуни 2018

Денеска министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, остварија средба во Штип.

При тоа беа отворени повеќе актуелни прашања во однос на иселениците од Штип, но и како може да се унапреди начинот на комуникација и соработка со нив.

Macedonian

Дијаспората, ресурс на јавната дипломатија кој треба да се стави во функција на Република Македонија

25 мај 2018

Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми денес учествуваше на панел дискусија во рамки на Меѓународната конференција “Дијаспора, дипломатија и развој” организирана од страна на Универзитетскиот колеџ Даблин, Институтот Клинтон.

Министерот Адеми во своето обраќање пред присутните на меѓународната конференција ја истакна важноста на улогата на дијаспората во дипломатијата, и дека и двете денес во време на глобални движења и динамични меѓународни односи, се предодредени да работат заедно во промоција на интересите на Република Македонија и нејзино позначајно позициоирање во меѓународните односи, преку активна јавна дипломатија.

Macedonian

Зајакнување на соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во сферата на националните малцинства

22 мај 2018 година

За време на дводневната посета,  министерот задолжен за дијаспора во Владата на Република Македонија, Едмонд Адеми  денес оствари средба со министерот за државна управа и локална самоуправа на Република Србија, Бранко Ружиќ.

При тоа, двајцата министри отворија повеќе актуелни прашања во однос на зајакнување на правата на македонското национално малцинство во Р. Србија и српското национално малцинатво во Р. Македонија, разменувајќи позитивни искуства во двете земји со цел унапредување во наредниот период.

Macedonian

Pages