Дијаспората претставува мост за поврзување меѓу двете пријатески земји

13 јуни 2018

Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми денеска оствари средба со амбасадорката на Канада во Белград, г-ѓа Кати Чаба, која нерезидентно ја покрива и Република Македонија.

Министерот Адеми и посака успеси во извршувањето на новата амбасадорска функција во Република Македонија и динамизирање на дипломатските односи меѓу двете пријателски земји во сите области од взаемен интерес.

На самиот почеток на разговорот, канадската амбасадорка Чаба, ја искористи оваа прилика во име на канадската Влада и во свое лично име да и честита на Владата и на сите граѓани на Република Македонија за постигнатиот историски Договор меѓу Македонија и Грција и конечното отворање на вратите за полноправно членство на РМ во НАТО и ЕУ.

Воедно, нагласи дека Македонија ќе ја има целосната поддршката од Владата на Канада во евроатланските процеси и во сите други активности во меѓународни рамки, за кои што Канада ќе ги искористи своите дипломатски влијанија во интерес на Македонија.

На средбата министерот Адеми ја информираше соговорничката околу активностите преземени од страна на неговиот кабинет за законската регулатива, Националната стратегија за соработка со дијаспората, поврзување на истата со државните институции, и користење на сите капацитети на дијаспората во интерес на нашата земја.

Исто така, нагласи дека Канада како држава е многу значајна за Македонија поради големото присуство на дијаспората по потекло од Македонија која е позитивно етаблирана и интегрирана во канадското мулти-културно и мулти-национално општество, а истата e мост за поврзување меѓу двете наши пријателски земји, на економски план и во странските инвестициски проекти.

Министерот Адеми и амбасадорката Чаба разговараа и за можната посета на Канада во периодот што следи, како и неколку идеи за реализација на средби со високи претставници на Канадската Влада, се со цел понатамошно продлабочување на соработката во повеќе области од взаемен интерес.

Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: