Министерот Чупи го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората со градоначалникот на Општина Кичево, г. Фатмир Дехари

Во Општина Кичево заедно со градоначалникот г. Фатмир Дехари, министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи го потпиша Договорот за соработка во областа на дијаспората.
Отворањето на Центарот за дијаспора во Општина Кичево има голема важност и тежина за жителите на оваа општина кои живеат и работат во странство. Преку овој центар на нив ќе им се овозможи полесен пристап до потребните информации, како и ќе им се даваат дополнителни упатства за нивните права и обврски во соодветни постапки пред надлежните органи за време на нивниот престој во матичната земја.
Со овој договор се подигнува нивото на комуникација помеѓу централната и локалната власт со граѓаните од дијаспората, со цел враќање на нивната доверба во државните институции.
На овој настан присуствуваше и г-ѓа. Албулена Демири Зендели, директорка на Центар за култура „Кочо Рацин„ во Кичево.

Macedonian