Министерот Чупи го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората со градоначалникот на Општина Карпош, г. Стевчо Јакимовски

Во просториите на Општина Карпош во Скопје, со градоначалникот на оваа општина г. Стевчо Јакимовски денес министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората за отворање на општински канцеларии.
Општина Карпош е една од трите скопски општини кои го прифатија предлогот за отварање на овие канцеларии и со овој договор ги отвори своите врати за граѓаните од дијаспората да се чуствуваат како дома за време на посетата на својата земја.
Заеднички се согласија за идно продлабочување на соработката заради постигнување на целите дефинирани во потпишаниот договор.

Macedonian