Потврдено пријателството помеѓу Република Македонија и Република Малта
13 февруари 2018
За време на посетата на министерот Едмонд Адеми на Република Малта, покрај другите средби на високо ниво, денес на 13 февруари 2018 година, оствари срдба и со министерот за надворешни работи и промоција на трговијата на Република Малта, Кармело Абела.
Министерот Адеми ја пренесе благодарноста до својот соговорник за воспоставување на дипломатските односи меѓу двете земји, во декември 2016 година, под уставното име на земјата.