Македонската дијаспора - Важен сегмент на шведското општество
20 aприл 2018
Денес во Гетеборг, министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, оствари средба со претседателката на Совет на Град Гетеборг, Лена Малм.
На средбата министерот Адеми ја запозна г-ѓа Малм со неговите активности во изминативе десетина месеци, при што ја истакна посветеноста во институционалното поврзување на дијаспората со државата.