Министерот Едмонд Адеми и Министерката за романците во странство, Наталиа Елена Итотеро: Ќе се интензивира соработката во полето на дијаспората помеѓу Република Македонија и Романија

Денес во склоп на  три дневната  официјална посета на Романија, министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, оствари средба со министерката за романците во странство, Наталиа Елена Интотеро. 

Главна цел на разговорите беше воспоставување на плодна соработка меѓу двете држави во областа на дијаспората и размена на искуства меѓу експертските групи, во реализацијата на добрите практики во оваа област во земјите на ЕУ и земјите од нашиот регион.

Macedonian

Почнувајќи од оваа година, 8 декември , Св. Климент Охридски во Романија се прославува како Ден на Македонскиот Јазик


Во присуство на високи претставници на романските државни институции, сенатори, претаници, претставници на Друштвото на македоците во Романија и други поканети гости,  претставници на други национални малцинства, заедно со македонската делегација предводена од министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми се праслави „Денот на Македонскиот јазик во Романија“,  во просториите на Дипломатскиот клуб во Букурешт.

Macedonian

Министерот Едмонд Адеми: Македонскиот јазик и Никола Мартиноски ги потврдуваат добрите културни и историски односи помеѓу Република Македонија и Романија.

На првиот ден од официјалната посета на Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми на Романија, придружуван од Директорот на Агенцијата за Иселеништво Никола Шалварниов, оствари средби со Мариана Венера Попеску, пратеник на Македонската заедница во Романскиот парламент, и со министерот за култура и национален идентите на Романија Валер Даниел Бреаз.

Macedonian

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми во официјална посета на Романија

Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспората, г. Едмонд Адеми, во придружба на директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Никола Шалваринов, од 07 до 10 декември 2018 година ќе реализираат официјална посета на Романија.

Macedonian

Pages