Министерот Чупи го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората со градоначалникот на Општина Дебар, д-р. Хекуран Дука
Миграцијата е најдлабоката рана на нашиот народ, додека граѓаните на дијаспората остануваат „белите дробови” на нашето општество без кои не може да се дише.
Со овие зборови денес министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи во својот роден град Дебар, го започна поздравниот говор каде заедно со градоначалникот на општината Др. Хекуран Дука, го потпишаа договорот за соработка во областа на дијаспората.
„Центарот за дијаспора, како што сум ветил, ќе и служи на нашата дијаспора за правата и услугите што ќе и бидат понудени за време на престојот во татковината“, изјави министерот.
На оваа средба министерот беше придружуван и од директорот на државниот инспекторат за локална самоуправа, г. Африм Ќоку.