Министерот Чупи во градот Винтертур учествуваше на трибината организирана за камен-темелникот на џамијата

Во духот на соработката со верските заедници, во градот Винтертур, министерот Чупи со големо задоволство учествуваше на трибината и собирањето средства по повод камен-темелникот на новата џамија што ќе се гради во Винтертур.

Министерот Чупи одржа говор, поздравувајќи ги присутните и посака овој светол божји храм што поскоро да биде изграден и да послужи за разбирање меѓу народите и различните вери ширум светот.

Macedonian