Министерот Чупи во Берн оствари средба со Секретарката за миграција на Швајцарската Конфедерација, г. Анет Матур-Вајс

Министерот Чупи во Берн оствари важна средба со Секретарката за миграција на Швајцарската Конфедерација, г. Анет Матур-Вајс

Во многу конструктивна работна атмосфера и во многу значајно влијание за дијаспората на Република Северна Македонија, се одржа оваа  битна средба на која беа разменети мислења од повеќе области за поуспешна интеграција на нашата дијаспора во сојузната, кантоналната и општинската во Швајцарската конфедерација.

Меѓу другото, министерот Чупи на соговорниците им ги пренесе барањата од дијаспората на Република Северна Македонија, пред се потребата од отворање на културно информативен центар кој ќе биде центар за промоција на нашата култура, уметност, музика, театар, по примерот на КИЦ во САД. Исто така, беше предложено ваков центар да се отвори во Скопје, со цел да ни се запознаат швајцарските вредности и истовремено да се понудат курсеви за изучување на официјалните јазици што се зборуваат во Швајцарската конфедерација за членови на семејства кои планираат семејство обединување, како и организирање на различни културни активности.

Покрај ова, министерот Чупи ја пренесе потребата од меѓусебно признавање на возачките дозволи, барање кое се уште нема одговор.

Macedonian