Министерот Џемаил Чупи и Соња Божиновска шеф на Меѓународната организација за миграција: Ќе се интензивира соработката во полето на миграцијата
Денеска, Министерот без ресор – задолжен за диаспора, се сретна со претставниците на Меѓународната организација за миграција, поточно со шефицата на канцеларијата на оваа организација за Република Северна Македонија, г-ѓа Соња Божиновска.
Министерот Чупи им се заблагодари за придонесот што го давал нивната канцеларија, каде преку експерти помагале во креирањето на Националната стратегија за дијаспората. Понатаму фокусот беше ставен на заедничката заложба за целосното спроведување на Меморандум за разбирање за воспоставување соработка со дијаспората на земјата, договор потпишан во 2019 година. Следствено, се договорија во краток временски период да започне заеднички проект за мобилност, каде на одредени државни институции на Република Северна Македонија да им се обезбеди стручна поддршка од високи претставници на дијаспората.
Примарната цел на кабинетот на Mинистерот за дијаспора останува да дејствува во целосно партнерство со ИОМ и сите други национални и меѓународни партнери, придонесувајќи за зајакнување на сите клучни области на миграцијата.