Министерот Џемаил Чупи оствари средба со управните директори на Агенцијата за меѓународен проектен менаџмент „Integra europe KG“

Министерот д-р. Џемаил Чупи оствари средба со управните директори на Агенцијата за меѓународен проектен менаџмент „Integra europe KG“, д-р. д-р. Ханс-Јоахим и Андреас Бојмлер, со седиште во Магдебург на СР Германија. Агенцијата има долгогодишно искуство во вклучување на средни компании во големи државни проекти во повеќе земји на светот. 

Со цел унапредување на соработката во привлекувањето на странски инвестиции министерот Чупи предложи одржување на бизнис форуми, на кои би земале учество претставници на државни институции, стопански комори, општински претставници и успешни претприемачи од двете земји, како и претприемачи од нашата дијаспора кои живеат и работат во СР Германија.

Во врска со соработката во областа на здравствениот туризам, за што соговорниците изразија особен интерес, министерот Чупи сугерира имплементирање на пилот-проект на општинско ниво, особено за време на летниот период кога нашата дијаспора престојува во татковината.
 
Во нивните идни активности министерот понуди соработка со конкретна идеа, а тоа е вмрежување на сојузите на истакнати бизнисмени од нашата дијаспора со германските бизнис сoјузи, во повеќе области.

На ова средбата присуствуваа и советникот во Владата на РСМ, г. Јоханес Хајдекер и економскиот промотор за СРГ и Австрија, г. Абдилџемил Саити.

Macedonian