Зајакнување на соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во сферата на националните малцинства
22 мај 2018 година
За време на дводневната посета, министерот задолжен за дијаспора во Владата на Република Македонија, Едмонд Адеми денес оствари средба со министерот за државна управа и локална самоуправа на Република Србија, Бранко Ружиќ.
При тоа, двајцата министри отворија повеќе актуелни прашања во однос на зајакнување на правата на македонското национално малцинство во Р. Србија и српското национално малцинатво во Р. Македонија, разменувајќи позитивни искуства во двете земји со цел унапредување во наредниот период.