Прес на министерот д-р. Џемаил Чупи за проектот „Центар за дијаспора“ на локално ниво.

„ Почитуван министер Алити, почитуван советник на премиерот, г. Мемети, почитувани сограѓани, почитувана дијаспора, почитувани претставници на медиумите и присутни. 

За денешнава прилика подготвив кратко излагање во насока на подобро запознавање на пошироката јавност покрај другото и со еден успешно реализиран дел од спектрумот на активностите на мојот Кабинет, за кои сметам дека се од исклучителна важност за сите сонародници со потекло од Република Северна Македонија, кои живеат и работат ширум светот и ја сочинуваат нашата дијаспора.

Владата на Република Северна Македонија континуирано работи во функција и за интерес на дијаспората и истовремено се залага за исполнување на заедничката општа цел и мисија  кои се предвидени  во Националната стратегија за соработка со дијаспората и во Членот 49 од Уставот на Република Северна Македонија во контекст на постојана грижа за припадниците на нашата дијаспора во светот.

Јас, како министер задолжен за дијаспора, целосно сум убеден во неизмерно големото значење и потенцијал на нашата дијаспора во поглед на  целокупниот политичко-демократски и социо-економски развој на Република Северна Македонија а истото се сведува на ниво на национален интерес, затоа  сум особено внимателен со се што е поврзано со мојата област на компетентноста, и се стремам да го дадам својот придонес за да се олеснат процесите на вклучување на нашата дијаспора во сите сфери на животот, како во земјата каде што живеат, така и за времето на нивното враќање во родниот крај.

Согласно општата визија вградена во националната стратегија а во насока на унапредување и институционализирање на ефективната соработка во различни области помеѓу Владата и дијаспората, при моите посети во државите каде имаме поголем број припадници на нашата дијаспора посветував особено големо внимание и интерес кон истражување на потенцијалот на дијаспората од економски но и од културен / образовен аспект заради негово искористување во насока на зајакнување на врските со матичната држава и нивниот позитивен ефект во иднина.

Со зголемување на трендот на млади луѓе кои се ориентирани кон подобар живот во развиените западни земји, додавајќи го на тоа и одливот на мозоци, имено, миграција на професионалци, лекари, инженери и сл. се наметнува неодложна потреба дијаспората да има поактивна улога во развојот на нашата земја, од причина што само на тој начин ќе излезат на виделина успесите на многу наши сонародници кои живеат надвор од земјата, кои ги достигнаа височините на успехот на различни полиња. Нивниот придонес не треба да се гледа само во испораката на филантропија, или во привлекување на инвестиции и претприемачки активности, туку и на полето на пренесување на нови професионални вештини, како и нивниот придонес во развојот на демократизацијата на земјата и заштитата на човековите права.

Дозволете ми накратко да се осврнам на еден актуелен проект на Кабинетот задолжен за дијаспора за кој сме повикани:

Во интерес и за доброто на нашата дијаспора, чест и задоволство ми е да ве известам дека неодамна во име на Владата, завршив со поединечно потпишување на Договорите за соработка во областа на дијаспората помеѓу Владата на Република Северна Македонија и 23 општини на РСМ кој ја прифатиле оваа иницијатива и тоа за следните:
1. Аеродром; 2. Берово; 3. Босилово; 4. Василево; 5. Виница; 6. Гостивар; 7. Дебар; 8. Делчево; 9. Карпош; 10. Кисела Вода; 11. Кичево; 12. Конче; 13. Кочани; 14. Крушево; 15. Маврово и Ростуше; 16. Македонски Брод; 17. Новаци; 18. Ново Село; 19. Ресен; 20. Свети Николе; 21. Теарце; 22. Центар Жупа; 23. Штип (анекс договор).
Појаснувам дека овие канцеларии пред се имаат посредничка улога и истите ќе служат како центри со пристап до потребни информации и дополнителни насоки по основ на правата на припадниците на дијаспората за соодветните постапки пред надлежните институции.
Дополнително, овој договор ќе биде институционална рамка која ќе овозможи користење на методи за мапирање на научна и економска дијаспора за секоја општина посебно, како еден од нашите утврдени приоритетни проекти од големо значење.

Како клучна активност мојот Кабинет наскоро ќе организира и одржи работилница од типот на  јакнење на капацитетите за идните определени општински вработени во тие канцеларии, со цел нивно успешно отпочнување со секојдневните работни обврски преку давање услуги, исклучиво наменети за нашите сонародници кои живеат и работат во странство, посебно за време на нивниот престој во татковината.

Во понатамошните планови, воедно со предвиденото започнување на активностите на канцелариите ќе отпочне и идниот меѓу институционален партиципативен процес во кој покрај Кабинетот и општините ќе биде вклучено и Министерството за информатичко општество и администрација со цел заедничко координирано, ефикасно и ефективно функционирање на овие центри, заради задоволување на суштинските потреби на нашата дијаспора во новата ера на дигитализација. 

Верувам дека со активно превземање на потребните чекори за спроведување на овие договори во пракса, во блиска иднина ваквиот вид на соработка ќе покаже видни резултати на едно завидно ниво со можност да прерасне во униформен функционален систем на работење и меѓу институционална соработка во интерес на дијаспората.

Ви благодарам на вниманието и Ве поздравувам!“

Macedonian