За нашата дијаспора во Германија!
За време на официјалната посета на министерот задолжен за диајспора, д-р. Џемаил Чупи, пред неколку месеци на Сојузна Република Германија и на средбата што ја имаше со сојузната министерка задолжена за миграција и интеграција, г-ѓа Алабали-Радован, која навести нејзино континуирано инсистирање за измени на Законот за мигранти, ја споделуваме веста дека германскиот Бундестаг денес ги одобри измените на Законот за миграција, со кои им се дава шанса на барателите на азил кои живеат во Германија пет или повеќе години, како и на работниците со квалификации, да добијат дозвола за постојан престој.
Бенефит од овие измени ќе имаат барателите на азил, бидејќи ќе имаат рок од една година да најдат работа и да докажат некои други услови кои мора да бидат исполнети за да добијат право на постојан престој.
Значи, одбиените баратели на азил кои живеат во Германија со „Дулдунг“ (дозвола за привремен престој) мора да докажат дека имаат работа, дека можат да живеат без државна помош и дека го научиле германскиот јазик.
Во меѓувреме, кога станува збор за квалификувани работници, тие можат веднаш да ги земат своите семејства дури и без да знаат германски јазик.