Министерот Чупи го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората со градоначалникот на Општина Виница, г. Миле Петков

Следна општина денес беше Општина Виница, каде што задно со градоначалникот на оваа општина, г. Миле Петков, министерот задолжен за дијаспора д-р. Џемаил Чупи го потпиша Договорот за соработка во областа на дијаспората, со кој се дефинирани меѓусебните права и обврски на Владата на РСМ и Општина Виница за спроведување на овој договор.
На средбата се разговараше за концептот „Центар за дијаспора“, а воедно на градоначалникот и на присутните министерот Чупи им го претстави проектот, што се се предвидува со него и какви можности ќе пружа овој центар што ќе и служи на нашата дијаспора во иднина.
Со потпишување на овој договор и со отворањето на општинската канцеларија за дијаспора, Општина Виница стана дел од проект со огромна важност за нашата дијаспора.

Macedonian