Mинистерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи беше домаќин на делегацијата на Парламентарната комисија за надворешни работи и дијаспора во Собранието на Република Косово

Во текот на интензивните средби, денес министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи беше домаќин на делегацијата на Парламентарната комисија за надворешни работи и дијаспора во Собранието на Република Косово, предводена од претседателот на оваа комисија, пратеникот, г. Хаки Абази.
На средбата се разговараше за улогата на дијаспората, на која беа разменети искуства и идеи за начинот и можностите за нивно приближување со матичната земја. 
Министерот ги информираше присутните за активностите и обврските кои произлегуваат од Националната стратегија за соработка со дијаспората 2019-2023 година на Владата на Северна Македонија. 
Исто така информираше дека наскоро Собранието на Република Северна Македонија ќе го ратификува Договорот за соработка во областа на дијаспората меѓу двете држави, договор кој дополнително ќе придонесе за односите меѓу двете соседни држави.
г. Абази изрази подготвеност за уште поплодна соработка меѓу двете земји, особено на полето на соработката во сферата на дијаспората. Тој зборуваше за улогата што ја има дијаспората во зачувувањето на националниот, културниот и јазичниот идентитет, како многу важен елемент за привлекување на инвестициите од успешните претприемачи.
На крај, во име на комисијата што ја претставува г.Абази го покани министерот на средба со собраниската Комисија за надворешни работи и дијаспора при Собранието на Република Косово, посета која се очекува да се случи во првиот дел на декември.

Macedonian