Министерот Џемаил Чупи потпиша договор за соработка во областа на дијаспората со градоначалникот на Општина Кочани, г. Лупчо Папазов

Следна општина во која ќе се отвори општинска канцеларија „Центар за дијаспора“ е Општина Кочани, во чии простории со задоволство министерот д-р. Џемаил Чупи го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората заедно со градоначалникот на оваа општина, г. Лупчо Папазов. 

Во овој случај министерот Чупи и градоначалникот Папазов се согласија дека денешниот настан е многу значаен за идна соработка од повеќе аспекти, исто така имале можност да разговара на тема промовирање на концептот Центар за дијаспора по пат на извештаи за работа помеѓу институциите на централно и на локално ниво.

Настанот во Општина Кочани се заврши успешно, со благодарност од министерот Чупи за топлиот прием, со надеж дека соработка и во иднина ќе продолжи во тој правец.

Macedonian