Известуваме, Министерството за култура отвора конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023 година


Почитувана дијаспора!


Ве информирам дека Министерството за култура од понеделник, 17 октомври 2022 година, ќе го отвори електронскиот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023 година.

Во овие рамки, културните друштва кои работат во дијаспората имаат можност да конкурираат со проекти од областа на културата во соработка со секое активно здружение кое работи и е регистрирано во РСМ.

Конкурсот можете да го најдете електронски на https://uslugi.gov.mk/subcategory/kultura-337 каде се објавени сите услови за конкурсот.

Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: