Настава по македонски јазик во Малта ќе почнува

“Јазикот е нашата татковина”, затоа оваа учебна година ја започнуваме со првиот час по македонски јазик за деца Македонци од сите возрасти кои живеат и учат на Малта.
Нашата прва дружба е закажана за 22 октомври од 10.00 до 12.00 часот.
Часовите ќе се одржуваат секоја сабота од 10.00 до 12.00 часот, во просторија кај БНФ банка во Сент Пол.

Децата преку игра и другарување, песна и музика, креативни работилници, театар и драма, поезија и раскази, фолклор и традиција ќе го изучуваат македонскиот јазик и поблиску ќе се запознаваат со нивните корени.
Уписите се во тек. За повеќе информации во инбокс или на телефонскиот број 77317360.
М-р Розита Закева, професор и лектор по македонски јазик

Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: