Македонскиот весник „Илинден“ стана дел од платформата Алијанса за етички медиуми на Албанија

Македонскиот весник “Илинден“ стана дел од платформата на Алијансата за етички медиуми, членови на АEM се 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија.

Алијансата ги штити своите членки од нефер притисоци и напади. Алијансата за етички медиуми е доброволна група албански медиуми посветени на строго спроведување на Етичкиот кодекс на новинарите. Мисијата на Алијансата за етички медиуми е да промовира квалитетно известување во сите форми со цел да и покаже на јавноста дека членовите на Алијансата се сигурни извори на информации.

Македонскиот весник “Илинден“ е првиот весник на македонското малцинство во Република Албанија кој е дел од платформата на Алијансата за етички медиуми, а воедно и првиот весник на националните малцинства во Република Албанија.

Македонскиот весник ‘‘Илинден“ и главниот уредник на весникот Никола Ѓурѓај му се заблагодаруваат на Одборот на Алијансата за етички медиуми, кој одлучи македонскиот весник ‘‘Илинден“ да биде член на АEM.

Македонскиот весник “Илинден“ излезе во февруари 2011 година во Тирана, тој е весник на Македонското друштво “Илинден“ -Тирана и единствениот македонски весник во Република Албанија што излегува во печатена и електронска форма.

Македонскиот весник ‘‘Илинден“ продуцира и емитува информации на македонски јазик. Се објавуваат вести за Македонците во Република Албанија, Македонија, Албанија, Балканот, Европа и светот, политички вести, економски, културни, спортски и интервјуа.

Македонскиот весник ‘‘Илинден“ се стреми да има стандарди на објективно, истражувачко, аналитичко новинарство, објективна презентација на информациите и нивните извори, како и квалитет и креативност во креирањето вести.

Македонски весник Илинден- Албанија

Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: