Потпишан договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу Влада на РМ и Општина Штип
6 јуни 2018
Денеска министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, остварија средба во Штип.
При тоа беа отворени повеќе актуелни прашања во однос на иселениците од Штип, но и како може да се унапреди начинот на комуникација и соработка со нив.