Пребарај го сајтот:

КООРДИНАТИВНО ТЕЛО ЗА ИСЕЛЕНИШТВО
ПРОЕКТЕН ПЛАН ЗА 2008 ГОДИНА

(Заклучок на ВРМ на РМ од Сто триесет и петтата седница,
одржана на 04.03.2008 година)


Согласно средствата во висина од десет милиони денари (или околу 160.000€) одобрени со Буџетот за 2008 година, Координативното тело планира да ги реализира следниве проекти:


Б1/ ПРОЕКТИ ВО КОНТИНУИТЕТ 


КТИ_Проект 2008/1
Прирачник „Мојата татковина - МАКЕДОНИЈА“

  • Изработка на Книга втора - ИСТОРИЈА, по принципот на заедничко пишување на историјата, а во што би се вклучиле и историјата на немнозинските заедници во Македонија како и барем неколку заедници на македонската дијаспора.
  • Изработка на ракописи од областите за музичко воспитување и мајчин јазик на албански јазик врз основа на изготвен наставен план и програми за дополнителна настава за основно образование – одделенска и предметна настава за децата на дијаспората по потекло од Република Македонија и превод на албански јазик на ракописите од областите географија и историја.
  • Евентуално: изработка на работни тетратки и методолошки прирачници за наставниците кои ќе ја изведуваат дополнителната настава. 

 

 

КТИ_Проект 2008/2
Информатор „Инвестирање во македонски извозни капацитети“

Продолжение на Информаторот кое би се концепирало врз основа на прашањата поттикнати од страна на самите припадници на дијаспората (етничките бизнисмени), посебно инспирирани од евентуалните обиди за инвестман во Македонија.

 

КТИ_Проект 2008/3
Турнир на јуниорите од дијаспората во мал фудбал “Корени - Јуниори 2008“

Поаѓајќи од мошне позитивното искуство од 2007 година, во 2008 година би се реализирал истиот турнир, но за возрасна група од 16 до 21 година.
Би се испитале можностите и за организирање спортски средби од спортски дисциплини што се недоволно застапени во Македонија (пример: уметничко пливање и слично).

 

КТИ_Проект 2008/4
Поддршка на Македонското национално малцинство (МНМ)

Засилување во функција на воспоставување одрживи основи за натамошно самостојно дејствување преку финансиска стимулација на издавањето на весници на Заедниците на Македонците во соседните земји и пошироко каде е присутно МНМ. Во континуитет поддршка на весникот на Заедницата на Македонците во Република Албанија „ПРЕСПА“, со развивање на потенцијата за заедничко издаваштво со весниците во Република Бугарија „Народна воља“ и „Народен глас“.

 

КТИ_Проект 2008/5
Македонски патувачки театар

Поддршката на недоволно застапените уметнички форми кои едновремено претставувааат презентација на македонската култура пред домашните општества би продолжила преку поддршка на Македонскиот филмски фестивал и Македонското драмско катче во Торонто, Канада, како би им се овозможило да станат традиционални, а би се пристапило кон создавање на тнр. „Патувачки театар“, составен од македонски театарски артисти кои би изведувале претстави во средините на македонската дијаспора во прекуокеанските земји, Европа и регионот.

 

КТИ_Проект 2008/6
Летен камп „Секоја ластовичка кон своето јато“

Прераснување во традиционален проект, а преку кој би дошло до поврзување со сродни проекти на Советот за грижа за децата на Град Скопје, потоа НВО „Детски парламент“ и Детската Амбасада „Меѓаши“.

 


Б2/ ПРЕНЕСЕНИ ПРОЕКТИ ОД 2007 ГОДИНА

 

КТИ_Проект 2008/7.
Допри ја земјата македонска
:

Интерактивна изложба со керамичка работилница – теракотни артефакти од нашите далечни претци, каде што посетителите независно од возраста ќе можат под стручен надзор и помош да се вклучат преку директен контакт со македонската глина или поточно - самите да направат теракотни артефакти. На учесниците ќе им биде овозможен откуп на конечните глинени копии, а средствата ќе бидат употребени за натамошно промовирање на македонското културно минато, кај нашите иселеници во светот.
Се планира изложбата да биде презентирана во мај-јуни 2008 год., во три американски држави: Јужен Висконсин, Индијана и Мичиген, каде е лоцирано мнозинството на македонската дијаспора. Едновремено, се планира вклучување и на д-р Виктор Фридман, професор на катедрата по македонски јазик при Универзитетот во Чикаго, а со цел да се промовира едукативно-академскиот дел на проектот. Проектот остава можност евентуално да се направи презентација и во Вашингтон и Њујорк.

 

КТИ_Проект 2008/8.
„Македонските воени обележја во соседството“:
-

Оваа аналитичко-публицистичка монографија би била заснована на теориски и теренски истражувања. Презентирани би биле постоечки документи, преземени податоци од литературата, како и сведоштва од учесници, современици или блиски роднини на именуваните во воените обележја. Исто така, застапени би биле и обележјата за македонските револуционери и дејци што соседните земји, кај нив, ги изградиле како на нивни заслужни граѓани.
Со проектов би се пополнила видливата празнина во несразмерното позиционирање на таквите обележја на македонска територија наспроти речиси целосното отсуство на таквите македонски обележја на просторите во државите на нашето соседство.

 

 

Б3/ ВАРИЈАБИЛНИ ПРОЕКТИ (Распоред по приоритет)

Вкупно 54-те пристигнати проектни пријави од субјекти во дијаспората и невладини организации регистрирани во Република Македонија, инаку уредно поднесени до 31.05.2007 година (согласно роковите за поднесување буџетски предлози за 2008 година), КТИ ги разгледа врз основа на следниве критериуми: а) релевантност од аспект на развивање активна/ефективна врска со Македонија; б) можноста активностите да бидат реализирани од најмалку еден субјект од македонската дијаспора и еден субјект од Република Македонија; в) интерресорски карактер, одн. проектните активности да зафаќаат во надлежностите на барем две министерства; и г) што порамномерна географска дистрибуција. Оттука, ги одбра следниве:

Држава

Ред.
Број
КТИ

Подносител на проектната пријава

Назив на проектот

Партнер-организација

АВСТРАЛИЈА

9.

 

 

Ордан Андреевски од Австралија во соработка со Проф.Дани Бен-Мош

Австралиско-македонската дијаспора и татковина: поврзување, идентитет и политичко претставување

Економски факултет при УКИМ - Скопје

СРБИЈА

10.

 

Здружение на Македонците од Пчињскиот округ “Гоце Делчев“ – Врање, Р.Србија

Јазикот како средство за препознавање

Здружение на граѓани “Романска Суза“

11.

-Здружение на Македонците од Јужно Банатскиот округ “Вардар“ и Национален совет на МНМ – Панчево Подружница Качарево,

Отворање интернет страница (web-site, www.vardar.org.yu)

нема

ГЕРМАНИЈА

12.

 

Мимоза Вели-Берлин, Германија

“Од соседство во сожителство“

         нема

БУГАРИЈА

13.

 

Македонски весник “Народна волја“ и Билтен “Македонски глас“
Стојко Стојков, Благоевград, Бугарија

Издавање весници на македонски јазик во Бугарија

 „Дневник“

АЛБАНИЈА

14.

 

Јован Шкмби –Поградец
Р. Албанија

“Нашите празници-корени наши“, изучување на мак. јазик и отворање ТВ- куќа во Поградец

“Одисеја“ претседател-Цвета Трифуновска-Охрид

ХРВАТСКА

15.

 

МКД “Илинден“ – Ријека
Р. Хрватска

Мала школа за македонски јазик со детска работилница

Заедница на Македонците во Р.Хрватска

МАКЕДОНИЈА

16.

Сојузот на здруженијата
На Македонците од Егејскиот дел на Македонија

Анализа за можните правци на дејствување преку Судот во Стразбур и активности во функција на разрешување на комплексот прашањa за децата - бегалци

Н е м а

Проектите би се реализирале врз основа на одвоен договор за реализација на проект, а под услов да се најде партнер-организација и односните невладини организации се уредно регистрирани било во земјата на приемот било во Република Македонија.

 

Б4/ РЕЗЕРВНИ ПРОЕКТИ
(Распоред по географска припадност)

КТИ планираните средства за проектите во 2008 година ги димензионираше согласно просечната вредност на активностите и согласно теориската можност да можат да бидат вклучени максимален број македонски заедници од дијаспората. Во случај да дојде до „заштеда“ на средства, а како што тоа беше случај во 2007 година, или за некои од Варијабилните проекти не се склучи договор, би се реализирале следниве проекти што беа исто така поднесени согласно постапката за проектна пријава:

Држава

Ред.
Број
КТИ

Подносител на проектната пријава

Назив на проектот

Партнероргани-зација

Заб.

АЛБАНИЈА

__

 

 

Фоте Никола – Р. Албанија

Ден на македонскатата литература со Македонците кои живеат во Тирана - Албанија

  нема

 

__

 

Фоте Никола - Албанија

Објавување на македонско-албански речник од Никола Беровски

  нема

 

СРБИЈА

__

 

 

Здружение на Македонците од Јужно Банатскиот округ “Вардар“ Подружница Јабука, Р. Србија

Инструменти за формирање на музички оркестар на Подружницата од Јабука

 нема

 

__

 

 

Здружение на граѓани МНМ за нишавски округ “Вардар“ – Ниш, Р. Србија

Монографија – “Македонци печалбари (фурнаџии-слаткари) од некогаш до денес во Ниш“

             нема

 

__

 

Здружение на граѓани од македонско потекло од јужнобанатскиот округ “Вардар“ Подружница Пландиште

Развој на женската кошарка во неразвиената погранична Општина Пландиште во соработка со РМ

Кошаркашки клуб “Соколе“ од Скопје

 

 

ХРВАТСКА

__

 

МКД “Биљана“ – Задар Р. Хрватска

Денови на македонска култура, народни носии

          нема

 Заб.

__

 

МКД “Македонија“ – Сплит
Р.Хрватска

“Етно работилница за очувување на македонски ракотворби и везови“

Музеј на Македонија, Етнолошки оддел

 

__

 

МКД “Охридски бисер“ – Загреб
Р. Хрватска

Рабтилница за деца “Се запознаваме со нашето потекло“

         нема

 

МАКЕДОНИЈА

__

 

 

Здруж.на Сетинци и Попадинци од Лерин во Македонија - Скопје

“Традиционален фолкорен фестивал на играорни групи од Грција и странство“

КУД “Емборе“ Кајларско - Грција