Пребарај го сајтот:


МНР ПОДГОТВИ ПРИРАЧНИЦИ ЗА ДИЈАСПОРАТА
Macedonian Diplomatic Bulletin November, 2007 - br. 11

Министерството за надворешни работи на Република Македонија го промовираше учебникот “Моја татковина-Македонија” кој содржи наставни лекции за македонскиот јазик, историја, географија, литература, музика наменети за деца-основци на нашите сонародници во дијаспората. Прирачникот е прво наставно помагало за овие ученици, кое се објавува по пауза од цели три децении од објавувањето на еден ваков учебник. Освен ова МНР подготви и публикација “Инвестирање во македонските извозни капацитети”, наменета за македонските
бизнисмени кои живеат во странство.

- Прирачникот кој е помошно помагало за основно образование, може да се користи и како учебник во сите години на основнотот образование. Тој им е на располагање и на нашите сонародници во сите соседни земји.
Ова е само еден од десетте проекти што сме ги реализирале за нашите сонародници. Годинава ќе одиме со проектот на учебникот по историја. До крајот на мај ги примаме предлозите на иселениците за тоа кои проекти би можеле да се реализираат – изјави Сашко Тодоровски, директор на директоратот за дијаспора при МНР.

Двете изданија може да се превземат И да се испечатат за употреба од интернет- страницата њњњ.дијаспора.гов.мк (Публикации на КТИ). Бизнисмените што ќе посакаат да регистрираат фирма во Македонија ќе најдат и информации и формулари како да го направат тоа. 


 


 




„ПРЕСПА“ СЕ МОДЕРНИЗИРА

МАКЕДОНСКОТО МНР НИ ПОДАРИ ИНФОРМАТИЧКА ОПРЕМА

Одделението за дијаспора на Министерstвото за надворешни работи на Република Ма-кедонија неодамна му подари информатичка опрема на весникот„Преспа“. Опремата се состои од еден персонален компјутер, скенер, печатач, дигитален фотопарат, факс машина. Со оваа опрема „Преспа“ зачекорува во нова ера, во ерата на технолошка ре-волуција. Се надеваме дека наскоро целиот весник ќе го правиме на компјутер и,дека ќе имаме редакција која самата ќе си прави весник. Како што се вели – Да застанеме на свои нозе. Откако нашиот и Ваш весник го ставивме на интернет со помош на весникот„Дневник“ во Скопје, ова е уште еден чекор напред во модернизирањето на Ре-дакцијата. Наскоро ќе правиме модерен весник кој ќе го читаат македонските семејства во Албанија. Планираме и воведување нови содржини, особено ќе водиме грижа за најмладите за кои предвидуваме да имаат нивна страница, а планираме и вредни награди за nајдобрите ученици кои се истакнуваат на сите полиња. Конечно, на пат сме да ја оствариме и дамнешната идеја за формирање на една регионална мрежа за размена на информации меѓу Македонците кои живеат вососедните земји. Подарокот од Министерството занадворешни работи лично ни го предаде господин Данчо Марковски, кој беше придружуван од неговиот соработник Стево Симски. Тие имаат и долготраен разговор со градоначалник на Преспа, господин Едмонд Темелко,при што разменија мислења за повеќе значајни проекти од интерес на Општината и пошироко. Редакцијата на „Преспа“ е бескрајно благодарна за овој вреден подарок од Одделението за дијаспора.

Х. Ивановски